„Витаминка“ ќе гради нов погон за чоколада

Bez autora
Jan 10 2011

Прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ годинава ќе гради нов капацитет за чоколада вреден 2,5 милиони евра. „Проектите и нацртите ги привршуваме, во потрага сме по локацијата за новата градба. Парите не се проблем зашто веќе имаме понуди за кредитирање од две банки. Намерата е новиот погон да почне да работи во 2012 година. Со него производството на чоколада двојно ќе се зголеми од сегашните 200 до 300 килограми на 500 килограми на час. Ова е најважната инвестиција на „Витаминка“ годинава, зашто постојните капацитети веќе се претесни и се работи во четири смени. Раководството размислува да се прошири и капацитетот за производите „стоби флипс“. „Витаминка“ е задоволна од билансите во 2010 година. Од 10 до 15 отсто се зголемени производството и реализацијата во споредба со претходната година. Проблемот со кој треба да се справува фабриката е енормното и неконтролирано зголемување на цените на репроматеријалите што се увезуваат.

„Витаминка“ ќе гради нов погон за чоколадаПрилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ годинава ќе гради нов капацитет за чоколада вреден 2,5 милиони евра.

„Проектите и нацртите ги привршуваме, во потрага сме по локацијата за новата градба. Парите не се проблем зашто веќе имаме понуди за кредитирање од две банки“, вели Симон Наумоски, претседател на Управниот одбор на „Витаминка“.

Намерата е новиот погон да почне да работи во 2012 година. Со него производството на чоколада двојно ќе се зголеми од сегашните 200 до 300 килограми на 500 килограми на час. Ова е најважната инвестиција на „Витаминка“ годинава, зашто постојните капацитети веќе се претесни и се работи во четири смени. Раководството размислува да се прошири и капацитетот за производите „стоби флипс“.

„Витаминка“ е задоволна од билансите во 2010 година. Од 10 до 15 отсто се зголемени производството и реализацијата во споредба со претходната година. Проблемот со кој треба да се справува фабриката е енормното и неконтролирано зголемување на цените на репроматеријалите што се увезуваат.

„Не се плашиме за пласманот, тој е одличен како на домашниот, така и на странскиот пазар. Проблем е порастот на трошоците. Тоа мора да го надминуваме со заштеди во производството. Ќе се штеди преку набавка на машини и на модернизација на целиот процес. Не можеме постојано да ги зголемуваме цените на производите“, вели Наумоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik